Најновата фрегата „Адмирал Макаров“ предадена на Министерството за одбрана на Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Третиот патролен брод од Проектот 11356 „Адмирал Макаров“, направен во Калининград, му е испорачан на нарачателот – Министерството за одбрана на Русија.

Документот за примопредавање на фрегатата е потпишан на 25 декември на балтичкото бродоградилиште „Јантар“, каде е направена оваа фрегата и нејзините „постари сестри“ – „Адмирал Григорович“ и „Адмирал Есен“, кои во 2016 година ѝ беа испорачани на Црноморската флота.

Изградбата на патролниот брод „Адмирал Макаров“ почна во 2012 година, а во октомври 2016 беше извршено државното тестирање во Балтичкото и Баренцовото Море. За време на пловидбата се покажа дека бродот е квалитетно направен и дека сите системи функционираат добро, така што се потврдени тактичко-техничките карактеристики наведени во спецификацијата, соопштува информативната служба на бродоградилиштето „Јантар“.

Знамето на Воената морнарица на Русија ќе биде подигнато на новиот брод на 27 декември. По тој повод на бродоградилиште ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствуваат претставници на Министерство за одбрана на Русија и локалните власти.

Фрегатите од Проектот 11356 (конструктор е „Северното проектно-конструкторско биро“) се наменети за спротивставување на бродови и подморници, одбивање на напади од воздух, како во самостојни, така и во заеднички операции.

Овие бродови поседуваат универзално ракетно-артилериско вооружување и модерни радиотехнички средства за противподморничка и противвоздушна одбрана. Имаат депласман од околу 4000 тони, долги се 125 метри и развиваат брзина од 30 јазли.

Прочитајте повеќе за  плановите на руската Воена морнарица.