Фрегатата „Адмирал Григорович“ од Проектот 11356.
mil.ruНајновата руска фрегата „Адмирал Макаров” во рамките на државните испитувања на полигоните на Балтичката флота од противвоздушен ракетен систем „Штиљ“ погодија симулирани крстосувачки ракети, соопшти претставникот на прес-службата на Западниот воен округ Роман Мартов.
„Екипажот на бродот успешно реализираше ракетни гаѓања на поморски воздушни цели во рамките на државните испитувања“, изјави Мартов, додавајќи дека „според зборовите на претставниците на произведувачот и екипажот, сите поставени задачи се успешно исполнети“, пренесува „Взгљад”.
Се наведува дека дека целите биле истрелани од малите ракетни бродови „Гејзер” и „Ливењ”.
Во април фрегатата „Адмирал Марков” во текот на завршната фаза на државните испитувања на Балтичкото море погоди реална воздушна цел со помош на противвоздушниот ракетен систем „Штиљ”.
„Адмирал Макаров” е патролен брод од Проектот 11356. Неговата изградба почна на 29 февруари 2012 година, а беше спуштен во вода во септември 2015 година. Тоа е третиот брод во серијата, пред него два брода веќе стапија на служба: „Адмирал Григорович” и „Адмирал Есен”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче