МО на РФ објави видео од лансирање на ракети „Калибар“ од Средоземното море

Фрегатата „Адмирал Есен“ и подморницата „Краснодар“ извршија напад со крстосувачки ракети „Калибар“ врз објекти на терористичката група „Исламска држава“ во Сирија.

Министерство за одбрана на Русија објави кадри од лансирањето на четири крстосувачки ракети „Калибар“ од фрегатата „Адмирал Есен“ и подморницата „Краснодар“ врз позиции на терористичката група „Исламска држава“ од акваторијата на Средоземното море.

Цели на нападот беа утврдувања на исток од Палмира, каде се концентрирани милитанти и тешка техника префрлени од Рака. Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу го информираше претседателот на РФ Владимир Путин за успешното лансирање, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Сите четири ракети успешно ги погодија целите. Притоа „Краснодар“ го изврши лансирањето под вода, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња