Русија во ООН ќе почне со расправи за нацрт-измените на меѓународниот закон кој се однесува на рударството на астероидите и на Месечината, соопштува „Известија“ на 11 декември. Министерството за надворешни работи на РФ и „Роскосмос“ разработија нови услови за Договорот за вселената од 1967 година и, доколку добијат зелено светло, експлоатацијата на небесните тела за комерцијални цели ќе биде забранета на меѓународно ниво.
САД и Луксембург претходно им дозволија на компаниите да истражуваат астероид поволен за рударство кој не е во ничија сопственост.
Според „Известија“, игнорирањето на таквиот закон би можело да предизвика судир околу вонземните ресурси.
Руската иницијатива ќе биде претставена во април 2018 година во Виена на состанокот на Правниот поткомитет на ООН за мирољубиво користење на вселената.