Имено, по првата партија полуавтоматски пушки АК-47 направени во 1948 година, следувале ригорози тестирања. Познатиот автомат кој денес е добро познат, во голема мера се разликува од првобитниот модел.
Естетската разлика е воочлива – првите примероци имале склоплив метален кундак, кој подоцна е заменет со дрвен, а гасната кочница на почетокот била фиксирана, додека на моделот АК-74 може да се симне.
„Сите овие практични измени следуваа по тестирањата во воените единици. Воената команда дојде до заклучок дека гасната кочница не е потребна зашто така автоматат прави голема бучава, а металниот кундак во голема мера влијае на прецизноста. Поради тоа беше решено да се остранат и двете нешта“, вели за Russia Beyond-Македонија професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.
Кога станува збор за најважните конструкторски решенија, тие се сепак зачувани и во моделот АК-47 и во подоцнежните модели.
Ова во Русија е првата полуавтоматска и автоматска офанзивна пушка со калибар од 7.62х39 милиметри со рамка од 30 куршуми и ефективен дострел од 800 метри.
Една од најважните карактеристики на оваа пушка е можноста да функционира во сите временски услови од -40 до +60 степени според Целзиус, дури и по големи врнежи и песочни бури.
Денес, 70 години од неговото настанување, АК-47 и понатаму е еден од најраспространетите модели оружје во целиот свет, благодарение на сигурноста, на ниската цена и на моќната муниција.
Според истражувањата на Оксфордскиот универзитет, во овој момент во светот има околу 100 милиони автомати Калашников, од кои 75% се од моделот АК-47.
Погледнете како овој автомат пука на забавена снимка.