Нуклеарниот мразокршач од класата „Лидер” денес е најголемиот во Русија. Има депласман од 55 илјади тони. Како што смета експертот, тој може да се спореди со носач на авиони и, доколку на него би се наоѓале различни ракети, вклучувајќи и крстосувачки (а големината на мразокршачот го дозволува тоа), цивилниот брод би станал воен. Тогаш би можел да го контролира присуството на САД и силите на НАТО на Арктикот и, по потреба, да се спротивстави на нивните дејствија.
Ду Венлун смета дека Русија има две можности за зајакнување на својот воен потенцијал на Северниот пол. Како прва можност тој го наведува присуството на воените бази на тие територии, а како втора милитаризацијата на цивилните бродови заради зајакнување на сопствената безбедност на Арктикот. Тогаш Русија би можела, според него, без да ги зголемува вложувањата во војската, на високо ниво да ја одржи моќта на својата Воена морнарица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче