Lada Granta се наоѓа на 60 позиција, меѓу моделите Skoda Superb и Audi А6. Бројот на продадени возила од овој модел во европските земји, вклучувајќи ја и Русија, по 10 изминати месеци од оваа година изнесува 76,9 илјади.
Lada Vesta со 62,1 илјади продадени автомобили го зазеде 76 место на ранг-листата. Друштво на листата ѝ прават Fiat 500L и Ford EcoSport.
Првото место по продажба на европскиот пазар и понатаму го држи Volkswagen Golf. За 10 месеци од 2017 година се продадени 452,1 илјади автомобили од овој модел.