Видео: Новиот руски товарен дрон го нарекуваат „Халк“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Британскиот весник „Дејли Меил“ објави статија под наслов „Рускиот Халк“ (се мисли на познатиот кечер Халк Хоган) посветена на тешкиот товарен дрон „Скиф“ направен од компанијата ОКБ „Авиарешенија“ од Казањ

„Скиф“ развива брзина до 70 км на час и е во состојба да прелета 35 километри со товар тежок 250 килограми.

Читателите на „Дејли Меил“ коментираат дека „Русите одат по вистинскиот пат“ и претпоставуваат дека овој дрон, односно некоја негова понапредна верзија, ќе може да послужи во спасувачки операции и евакуација на автомобили.

Други пишуваат дека руските научници за жал напредуваат само во пронајдоци кои можат да имаат воена примена, но не им поаѓа од рака нешто што би користело во секојдневниот живот.