Русија развива уникатен истражувачки дрон

Global Look Press
Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) работи на проект на истражувачки дрон без пандан кој може да лета во ограничен простор. Ова го изјави раководителот на проектот на Националниот центар за развој на технологии и базични елементи на роботиката на ФПИ Александар Кондратјев.

Темата „Аеробот“ (програма во рамките на која се создаваат автономни летачки роботи, најмалиот апарат со кој се занимава Фондот) започна да нè интересира минатата година кога се појави потреба за апарат од овој вид. Тоа е помала машина која мора да има способност за работа во сложени услови и во ограничен простор како што се целосно или делумно урнати згради, вели тој.

Според конструкторот максималната димензија на дронот нема да надминува 70 сантиметри, зашто тоа е стандардна ширина за врати. Беспилотното летало ќе биде завршено следниот месец.

Меѓутоа, апаратот ќе биде летачка лабораторија врз основа на која стручњаците ќе треба да решаваат низа задачи поврзани со опремата на леталото и на неговиот софтвер. Освен тоа дронот ќе може да лета во група, моментално се работи на оваа технологија.

Кондратјев соопшти дека во следните години ќе биде решена задачата за производство на компактен летачки робот. 

Порталот на весникот „Известија“ пишуваше дека ФПИ работи на развој на роботизирана нафтена платформа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња