Американците го оценија Ту-160М2 како „супербомбардер“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Модернизираниот „Бел лебед“ ќе стане вистински супербомбардер! Така се изрази воениот аналитичар на американското издание „Национален Интерес“ (National Interest) Дејв Маџумдар.

Американското издание пишува за рускиот авион по повод вестите дека првиот модифициран носач на ракети ќе полета во воздух веќе во февруари идната година.

„Авионите одлично се покажаа во сириската кампања, послужија како носачи на убојните крстосувачки ракети Х-101 кои имаат радиус на дејство од 4,5 илјади до 5 илјади километри“, пишува американскиот аналитичар.  

Тој исто така претпоставува дека работите на модернизацијата на „Белиот лебед“ одат побрзо од очекуваното, затоа што неговиот прв лет беше најавуван дури кон крајот на 2018 година. Во секој случај, додава тој, програмата Ту-160М2 е основната задача на модернизацијата на руските стратешки бомбардери.

Руските Воздушно-космички сили планираат да купат 50 нови носачи на ракети, но и веќе постојните 16 авиони Ту-160 ќе ги усовршат до верзијата М2.

Овај број на модернизирани бомбардери е сосем доволен за сите потреби на Стратешките сили на Русија, кои за разлика од американските не предвидуваат влегување во воздушниот простор на непријателот за да уништуваат цели. Ту-160М2 е во состојба да развие брзина поголема од 2 маха и да истрела ракети со најголем дострел. Затоа стелт технологијата на американските авиони и не е толкува важна за Русите, вели научниот соработник на Центарот за воено-поморска анализа на САД  Мајкл Кофман за „Национален Интерес“.