Нова генерација руски борбени авиони владее со небото: Лебеди, клунари, фулкруми

МиГ-35

МиГ-35

Максим Блинов/RIA Novosti
Руската војска доби нови и ги унапреди постојните борбени авиони за да им нанесат што поголема штета на терористите. Тие можат да понесат далеку поголема количина на убоен товар, значително се попрецизни и побрзо летаат.

Современото војување не се состои само од голем број на тенкови и артилериски цевки на боиштето, туку сѐ повеќе се потпира на  воздухопловната компонента која брзо и сосем прецизно го уништува непријателот.

Руските авиони се познати во светот по својата маневарска способност, вооружувањето кое можат да го понесат, а последните  резултати од Сирија покажуваат дека се и многу ефикасни во извршување на голем број на борбени задачи. Истовремено руската воена индустрија не мирува. Додека го пишуваме овој текст, стотици воздухопловни конструктори и инженери работат на создавање нова генерација на летачки предатори кои уште повеќе ќе ги подобрат способностите на руската авијација.

МиГ-35 или Fulcrum-F

МиГ-35

Претставува нов адут на прочуената руска компанија МиГ кој беше претставен на јавноста оваа година. Се работи за повеќенаменски ловец-бомбардер од генерацијата 4+ генерација Миг-35, (НАТО Fulcrum-F, „точка на потпирање"). Овој апарат треба да го замени својот постар брат МиГ-29. Бидејќи овој авион е многу распространет во светот, извесна е и неговата одлична извозна перспектива.

МиГ-35 е опремен со нов мотор со променлив вектор на потисок, што му дава исклучителни маневарски способности. Неговата максимална брзина достигнува цели 2700 км/ч. Можност лично да се запознае со неговите можности, но и да ги сподели со публиката, имаше познатиот тест-пилот Михаил Бељаев, кој со ова летало изведе исклучително импресивна показна точка на големиот меѓународен саем на воздухопловна техника МАКС-2017. Покрај унапредената погонска група, направени се и значителни подобрувања и на радарско-електронскиот систем на авионот. Особено интересен е новиот тип на радар со фазна антенска решетка Жук-А, кој на овој авион му дава сосема нов квалитет на воздушна борба, но и при уништување на копнени и поморски цели.

Су-34 - Руски „клунар“

Су-34

Се работи за повеќенаменски авион кој е особено користен во текот на руската воздушна операција во Сирија. Во услови на воена примена покажа исклучително високо ниво на борбени резултати.

Според функцијата, но и димензиите, во голема мера се разликува од претходнонаведениот МиГ-35. Неговата основна функција е уништување на копнени цели и тоа во целокупниот свој спектар. Благодарение на одличните маневарски способности (линијата ја наследи од класичниот ловец Су-27), овој авион може да се употреби и за ловечки задачи. Станува збор за авион кој може да понесе голема количина на убоен товар. Во неговиот борбен комплет се наоѓаат голем број на бомби и ракети „воздух-земја“, вклучувајќи и крстосувачки ракети. Проектиран е да ја замени генерацијата авиони Су-24, уште од советската ера. Има 2 членови на екипажот, а се одликува и со висок степен на комфор во кабината, особено за време на подолги летови.

Ту-160М2 - „Бел лебед“

Ту-160

Претставува одлично транзициско решение до појавата на новиот тежок носач на ракети ПАК-ДА кој се очекува кон средината на  наредната деценија. Се работи за суперсоничен бомбардер произведен уште во времето на СССР. Називот „Бел лебед“ го доби поради својата боја но и елегантниот облик на крилата и трупот на авионот кои неодоливо потсетуваат на оваа птица. Составен дел е на системот за одбрана во рамките на нуклеарната тријада. Првенствено е наменет за дејство во услови на сеопшта војна која вклучува и примена на нуклеарно оружје.

Неговата главна карактеристика е изведување ракетни удари надвор од дострелот на непријателската противвоздушна одбрана. За таквите задачи авионот поседува крстосувачки ракети Х-101 и Х-555 со дострел од неколку илјади километри. Овие ракети со голем успех беа применети и во Сирија, само што место атомски бомби се беа користени конвенционални боеви глави. Покрај овие ракети авионот е способен да носи и голем број „паметни“ и класични бомби, вклучувајќи го и „таткото на сите бомби“ ОДАБ-9000.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња