Русин од „Лада Нива“ направи „монструм” возило

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Љубител на автомобили од рускиот град Барнаул сериозно интервенираше на својата „Лада Нива“.

Проектот го доби името Red Stone. Автомобилот претрпе низа промени. Во целост се заменети суспензијата и системот за погон на четири тркала.

Сега теренецот има тркала од 46 инчи, као и попросторен рам кој е во склад со барањата на Руската автоспортска федерација за класата трофи ТР-3. Интересно е дека моторот и менувачот останаа исти.

Red Stone е направен од делови на обична „Лада Нива“ со три врати. Се наведува дека љубителот на автомобили во својот проект вложил повеќе од две и пол години работа.