Турскиот премиер: Бевме принудени да купиме С-400 од Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Купувањето на противвоздушните ракетни системи С-400 од Русија беше изнуден потег затоа што на Турција ѝ е потребна заштита од ракети, а не ја добивме неопходната поддршка од САД, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим при посетата на Вашингтон.

„Системите С-400 не се работа на наш избор туку неопходност. Ние сакавме да набавиме системи за ПВО од членките на НАТО, но не ја добивме неопходната поддршка од САД“, ги пренесува неговите зборови агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека Турција нема намера да му сврти грб на НАТО, но со оглед на тоа дека немала современ систем за ПВО, била неопходна соработка со Русија.

Јилдирим објасни дека Турција во текот на изминативе години не можела да уништи 71 ракета лансирани од територијата на Сирија, поради што загинале 29 луѓе.

Претходно поранешниот министер за надворешни работи на Турција Јашар Јакиш изјави дека купувањето на С-400 од Русија треба да се сфати како сигнал кој Анкара им го праќа на земјите од НАТО.

Купувањето на руските ракети од страна на Турција во НАТО е окарактеризирана како безбедносен проблем.