Русија откри по која цена ѝ ги продаде системите С-400 на Турција

Сергеј Малгавко/RIA Novosti
Вредноста на договорот со Турција за испорака на С-400 изнесува повеќе од две милијарди долари.

Вредноста на договорот за испорака на противвоздушните системи С-400 „Триумф“ на Турција надминува две милијарди долари, изјави генералниот директор на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов, без да наведува други детали.

Помошникот на претседателот на РФ за воено-техничка соработка Владимир Кожин соопшти дека кон крајот на минатиот месец договорот стапил во сила и дека Турција уплатила аванс, како и дека за роковите за испорака сѐ уште не може да се зборува. Тој притоа наведе дека станува збор за испорака на готово оружје, но не и на технологија.

Заменик-началникот на Секретаријатот за одбранбената индустрија на Турција Исмаил Демир изјави, според пишувњето на турските медиуми, дека испораките на С-400 ќе почнат во наредните две години.

С-400 „Триумф“ е противвоздушен систем со долг дострел кој во вооружувањето на руската војска стапи 2007 година. Предвиден е за уништување на авијација, крстосувачки и балистички ракети, вклучувајќи и ракети со среден дострел, а може да се применува и против цели на копно. Заменик-командантот на ВКС на Русија Виктор Гумени изјави пролетва дека во војската почнале да пристигнуваат ракети за С-400 кои можат да уништуваат цели во блиската вселена.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња