Русија на прво место во светот по бројот на тенкови

Наука и технологија
ИГОР ГРЕКОВ
Русија го зазеде првото место во светот по бројот на тенкови, борбени возила за пешадија (БМП) и реактивни системи за плотунски оган (РСЗО), изјави заменик-министерот за одбрана на Русија генерал Дмитриј Булгаков.

„За пет години (од 2012 до 2017 година) војската доби повеќе од 25 илјади единици нова оклопно-тенковска и автомобилска техника и 4 илјади единици на ракетно-артилериско вооружување на современи модели, што ѝ овозможи на Русија да избие на прво место во светот по бројот на тенкови, борбени возила за пешадија и реактивни системи за плотунски оган”, изјави Булгаков во интервју што го пренесува „Взгљад“. 

Според генералот, за пет години во состав на вооружувањето на руската војска се примени 80 модели на современа техника: ракетно-артилериско вооружување, тенкови, моторни возила, техника за помошните служби.

„Во моментов уделот на современата техника во состав на вооружувањето надмина 50%”, изјави Булгаков.

Тој исто така рече дека нивото на исправност на техниката во составот на војската достигнало 98% благодарение на посебното ангажирање на претпријатијата од воената индустрија. „Во војската сега сѐ е во функција, сѐ е подготвено за употреба“.