Главната предност во однос на конкурентите на Т-90 е далечината на неговиот дострел, истакнува колумнистот на изданието Кајл Мизоками. 125-милиметарскиот топ Д-81 ТМ (2А46 е исклучително ефикасен во гаѓање на растојание благодарение на карактеристиките на цевката. Така, кај новите модификации на топот системот за управување со огнот ги пресметува податоците за извивањето на цевката, што овозможува да се зголеми прецизноста при интензивна стрелба и да се компензира деформацијата на цевката од загревањето.
Уште една карактеристика на Т-90 е способноста за пробивање на оклопот на ракетите што се дел од вооружувањето на тенкот – противтенковските проектили „Рефлекс-М“ (9К119М) се ласерски насочувани и се способни од растојание на 5 километри да пробијат оклоп подебел од 700 милиметри, додава експертот.
Според мислењето на аналитичарот, по крајот на студената војна „неспорен крал“ меѓу тенковите стана американскиот М1 „Абрамс“, пишува „Национален Интерес“.
„Другите тенкови можат да бидат исто толку добри како „Абрамсот“, но тие немаат такво борбено искуство. М1 „Абрамс“ беше активен во двете најголеми американски операции – во војната во Персискиот залив во 1991 година и во војната во Ирак, која траеше од 2003 до 2010 година. „Абрамсите“ го поминаа Ирак без загуби“, се вели в статијата.
Најдобар европски современ тенк е германскиот „Леопард 2“, смета Мизоками. Според карактеристиките „Леопард“ е сличен на „Абрамс“, единствената разлика е таа што американскиот тенк е потежок и подобро заштитен. Останатите три тенка од најдобрата петорка се израелскиот тенк „Меркава 4“ и британскиот „Челинџер 2“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче