Руското Министерство за одбрана објави „жестоко” видео со тенк Т-90

Тенк Т-90

Тенк Т-90

YouTube
Министерството за одбрана на Русија во пресрет на одбележувањето на Денот на тенкистот објави видео за работата на посадата на современиот тенк Т-90.

Спотот трае само 1 минута и 30 секунди. Од него може да се види како посадата влегува во тенкот, го подготвува тешкото возило за движење, го вози тенкот совладувајќи различни пречки и гаѓа од тенковското орудие.

Видеото е проследено со драматична музика, а може да се слушне и комуникацијата меѓу членовите на посадата преку радио-врска.

„Со помош на мобилни камери кои се наоѓаат во куполата на тенкот се снимени и впечатливи кадри од функционирањето на автоматот за полнење на муницијата во тенкот Т-90 и истрелување на проектил од орудието со калибар 125 милиметри”, се наведува во објаснувањето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња