На претседателот на Русија Владимир Путин му беше претставен новиот тежок мотоцикл од проектот „Кортеж”. Мотоциклот беше презентиран во рамките на изложбата „Русија насочена кон иднината“.
Мотоциклот е тежок 500 кг, а развива брзина од 100 км/ч за 3,5 секунди. Првата партија ќе биде произведена на почетокот на 2018 година. Се работи за проект на концернот „Калашников”.
Во моментов се врши тестирање на мотоциклот.