„Подготовката за производство на таквите апарати е мошне сложена, се бара спроведување на серија тестови, проектна документација, математички модел, овладување на производството на компонентите... Меѓутоа, кога процесот ќе биде воспоставен, сѐ ќе биде, всушност, многу поедноставно, од производството на авиони или хеликоптери“, изјави Атаманов.
Фирмата инаку веќе ги има добиено првите нарачки за испорака како од руски, така и од странски претпријатија.
Идните купувачи се големи корпорации, меѓу кои има и руски, разни министерства, полицијата во американската држава Масачусетс или полицијата во Дубаи. Возилото може да помогне во потрага и спасување на луѓе практично во сите земји, рече Атаманов.
Како што нагласи тој, во моментов височината на летање е ограничена на пет метри, за во случај на несреќа на пилотот да му се активира системот за заштита кој би му овозможил да преживее.
„Ние се развиваме, ги усовршуваме технологиите кои треба да овозможат да се ослободиме од пропелерите. Имаме разработен проект врз кој ќе го засноваме производството на беспилотно летало за такси превоз со пет места за нашите купувачи. Иновацијата ќе предизвика бум во сферата на транспортот, ќе биде тоа вистинска револуција“, заклучи Атаманов.
Како што тој претходно изјави за RТ, без оглед на тоа што во компанијата работи меѓународен тим на стручњаци сите шеми, цртежи и пресметки се работат во Русија во производствената база што се наоѓа во иновацискиот центар Сколково. Како што нагласува тој, „Ховерсурф“ (Hoversurf) е во целост руска компанија, иако во САД има фирма-ќерка за излез на тамошниот пазар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче