Во Русија почнува производство на „најсовршеното лично превозно средство на планетата“

Скриншот

Скриншот

UJET
Раководителот на руската државна компанија за нанотехнологии „Роснано“ Анатолиј Чубајс соопшти дека компанијата OCSiAl (компанија-ќерка на државната корпорација) почнува со производство на смартџетот UJET. Смартџет е малогабаритен лесен електричен мотоцикл кој лесно се расклопува и со кој може да се управува со помош на смартфон. Се произведува од лесна пластична маса од типот на пропилен со додаток на наноматеријали.

„Според потрошувачката на енергија за пренос на килограм корисен товар ова е најсовршеното превозно средство на планетата”, напиша Чубајс на својот „Фејсбук“ профил.

„UJET користи специфична батерија со поголема густина на енергијата од батеријата на Tesla”, истакна Чубајс, додавајќи дека батеријата се наоѓа во седиштето на смартџетот. Според него, компанијата ќе произведува 32 илјади возила годишно. „Смартџетот се разликува од мотоциклот и велосипедот како што „Ајфон“ се разликува од мобилен телефон на копчиња“, додаде директорот на „Роснано”.

Според информацијата објавена на сајтот на UJET, цената на ова совршенство е 8690 евра.

Чубајс наведе некои од карактеристиките на новиот производ. Масата му е до 40 килограми. Моторот со моќност од 4 киловати, тежок 1,86 килограми, е скриен во рамките на тркалото. Стартниот вртежен момент на моторот е повеќе од 110 Nm. Се движи целосно нечујно. Кога е склопен, UJET може да се влече како мал куфер на тркала.

Клучот за UJET е смартфонот, кој истовремено е и дијагностички уред. Со него управува четиријадрен процесор кој во сервисниот центар непрекинато испраќа 64 параметри. Во UJET се интегрирани GSM, 4G, GPS, Bluetooth, Wi-Fi. Со сите функции на UJET може да се управува без да се тргаат рацете од управувачот, со тастатура или со глас.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња