Внешекономбанк.
РИА „Новости“„Внешекокономбанк“ ќе вложи во создавање на рускиот летачки мотоцикл неколку милиони долари, изјави првиот човек на банката Сергеј Горков, пренесува „Известија“.
„Ние сме... подготвени да ги вложиме – тоа не е џиновска инвестиција“, изјави Горков.
Од своја страна генералниот директор на HoverSurf Александар Атаманов соопшти дека компанијата веќе добила многу преднарачки од земји од Азија и Блискиот Исток. Според него, цената на еден летачки мотоцикл ќе изнесува 50-80 илјади долари во зависност од опремата.
HoverBike S3 претставува хибрид од мотоцикл и квадрокоптер. Апаратот крева товар до 150 кг на височина до 5 м. Може да лета со едно полнење на акумулаторот 30 минути со брзина од100 км/ч.
Претходно Атаманов изјави за порталот iz.ru дека летачкиот мотоцикл се прави „првенствено за привлекување на внимание“. Според него, комерцијалните перспективи ветуваат пазар на беспилотни летала кои можат да превезуваат големи товари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче