Во Русија измислија iPhone X Tesla на соларно полнење

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Супер нешто додека има сонце, но што со руската зима?!

Руско-италијанската компанија Caviar, специјализирана за луксузни паметни телефони, ја презентираше адаптираната верзија на телефонот iPhone X која може да се наполни со помош на монтиран соларен панел.

Паметниот телефон го доби името во чест на Никола Тесла, пионерот во истражувањето на соларната енергија.

Паметниот телефон може однапред да се нарача на интернет-страницата на Caviar за 259 илјади рубли (околу 3800 евра).