Како што објави порталот „Руски автомобил“ (Русский автомобиль), рускиот автомобилски гигант почна да работи на нова генерација на моделот „Лада Гранта“ која делумно ќе биде компатибилна со следната генерација „Рено Логан“.
Се претпоставува дека унапредената верзија на автомобилот ќе се појави во продажба најрано во 2021 година.
Во наредните неколку години „Гранта“ ќе биде подмладена, а унапредениот модел би можел да биде претставен веќе следната година. Упатените тврдат дека по редизајнирањето моделот „Калина“ би можел да го смени името во „Гранта“. Во тој случај, „АвтоВАЗ“ најверојатно ќе се откаже од хечбек моделот.