„АвтоВАЗ“ реши да ја зголеми силата на „Грантата“ со посилната верзија од 135 коњски сили. Ова го соопштува „Автосреда“, повикувајќи се на информација од раководителот на проектот Лада Гранта Спорт - Владислав Незванкин.
„Следната година ќе можете да видите нова верзија со моќност од 135 коњски сили. Оваа верзија ќе има неколку модификации - „посложени“ и „поедноставни“, изјави Незванкин. Што значи тоа „посложени“ и „поедноставни“ - не е појаснето.
Динамичките карактеристики на Гранта Спорт со најмоќниот мотор не се познати. Сегашната модификација со 120 коњски сили развива 100 км/ч за 9,5 секунди, а нејзината максимална брзина е 197 километри на час.
Продажбата на Лада Гранта Спорт ќе започне во вториот квартал од следната година. Цената за верзијата со 120 коњски сили изнесува 11.000 евра во Русија, што е за околу 1.100 евра поскапо од првоначалната планирана цена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче