Топ-менаџерите
на АВТОВАЗ високо ги оценија карактеристиките на новата Лада Калина, која вчера
започна да се произведува во оваа фабрика.
Производството на првата генерација
Калина заврши на 1 март годинава. Оваа генерацијата се произведуваше цели 9
години во Русија.
Стандардниот модел во Русија ќе чини 8.034 евра. Моделот со дополнителни додатоци ќе чини 11.034 евра. Новиот модел ќе има ист мотор како моделот Лада Гранта Спорт. Тој ќе има 135 коњски сили и зафатнина од 1.600 литри.
До крајот на годината планирано е да се произведат 500.000 автомобили, од кои 70.000 се планирани Лада Калина од новата генерација.
АВТОВАЗ е еден од најголемите произведувачи на автомобили во Русија и во Источна Европа. Претпријатието се наоѓа во градот Толјати во Самарската област и тоа вработува околу 68.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче