На снимката подготвена од ТВ-каналот „Ѕвезда” новиот заштитен скафандер на „Ратник” издржува експлозии од гранати, мини и дејство на пламен. Опремата на полигонот ја тестираше девојка задолжена за тестирања во Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба.
Единствената непријатна последица од нејзиното минување низ експлозиите и пламенот беше „шминката” од гарежот на нејзиното лице. Девојката избегна ранување и повреди благодарение на посебниот материјал од кој е направена нејзината борбена опрема. Тој задржува шрапнели и може да заштити човек од пламен во период од 30 секунди.
На снимката исто така е прикажан воениот рачен часовник кој влегува во состав на опремата „Ратник”. Часовникот не можеа да го оштетат ни тракторот кој помина преку него, ни водата во која беше потопен, ни падот на асфалтот пред камерите.
Во тек е тестирање на елементите од третата генерација на опремата „Ратник“ која војската ќе почне да ја користи во 2020 година.