Видеото е направено со помош на беспилотни летала на Министерството за одбрана на Русија кои имаа задача за објективна контрола на гаѓањето.
На снимката што ја објави ТВ-каналот „Ѕвезда” може да се види истрелувањето на ракетата од подморницата под вода. Потоа е прикажано како ракетата ја погодува првата цел: голем магацин за оружје и муниција на терористите во близина на населбата Абу Кемал во провинцијата Деир ез-Зор. Детонацијата е толку силна што беспилотното летало кое се наоѓа неколку километри во висина се занишува под дејство на ударниот бран.
Потоа крстосувачките ракети уништуваат командни пунктови и утврден реон со група терористи и оклопна техника.
Во текот на септември и октомври подморницата „Велики Новгород” изведе четири плотунски гаѓања со високопрецизни крстосувачки ракети „Калибар” врз објекти на терористичките сили на оддалеченост од 350 до 700 километри. Според податоците на објективната контрола, сите цели се успешно погодени.
Дизел подморницата „Велики Новгород” е петтата во серијата од шест подморници изградени за Црноморската флота на бродоградилиштето „Адмиралтејские верфи”. Подморниците од Проектот 636.3 „Варшавјанка” имаат подобра борбена ефикасност во споредба со претходните проекти. Тоа е постигнато со комбинација на нечујно движење и поголем домет на радарот за откривање на цели, примена на напредни системи за навигација и команда, како и со помош на моќно торпедно-ракетно вооружување. Подморницата може автономно да плови до 45 дена. Посадата ја сочинуваат 56 морнари.