Објавено видео со новите Су-30СМ на Крим

На интернет е објавено видео со новите ловци Су-30СМ на небото над Крим.

Видеото го објави РИА „Новости“.

Претходно беше соопштено дека на Крим е формирана ескадрила на поморска авијација која се состои од мултифункционалните ловци Су-30СМ, пишува „Взгљад“.

Во понеделникот беше соопштено дека три нови авиони-ловци Су-30СМ го пополнија составот на поморската авијација на Црноморската флота.

Претходно беше објавено дека поморската авијација на руската Воена морнарица до крајот на годината треба да добие шест ловци Су-30СМ, два противбродски авиони Ил-38, како и 10 хеликоптери.

Воздушно-космичките сили на РФ до крајот на 2018 година треба да добијат 88 ловци, а поморската авијација на ВМФ РФ - 28.

Су-30СМ е суперманеварски мултифункционален ловец од генерацијата „4++“. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња