Како што соопшти информативната служба на Западниот воен округ, една од најтешките задачи ја извршија бомбардерите-ловци базирани во Воронешката област.
Горивото е дополнето од авион-танкер Ил-76. Пилотите на Су-34 долетаа во зоната на средба со танкерот, му се приближија на 10-15 метри, зазедоа почетна позиција и воспоставија контакт со конусот за претекување на гориво.
Целата операција е извршена на висина од 4-6 илјади метри. Според условите на задачата, растојанието меѓу танкерот и Су-34 не беше поголемо од 20 метри.
Треба да се додаде и тоа дека денеска во Русија се одбележува 69-годишнината од основањето на армиската авијација на Воздушно-космичките сили на Русија.
Се смета дека таа авијација е родена на 28 октомври 1948 година кога е формирана првата ескадрила со хеликоптери. Тогаш армиската авијација настанала како посебен род во рамките на Воздушно-космичките сили на Русија. Како што соопшти информативната служба на Министерството за одбрана, денес армиската авијација на Воздушно-космичките сили има хеликоптери кои спаѓаат меѓу најдобрите на светот. Тоа се Ка-52 „Алигатор“, Ми-28Н „Ноќен ловец“, Ми-35М, Ми-26, Ми-8 и неговите современи модификации, како и школските хеликоптери „Ансат-У“ и Ка-226.
Овој род на војска постојано добива нова борбена техника.
„Веќе втора година по ред војската добива нова техника со забрзано темпо. Денес 75% од воените единици на армиската авијација се целосно опремени со нови модели на авијациска техника, а во останатите единици техниката е модернизирана“, изјави началникот на Одделението за борбена обука на армиската авијација на Водушно-космичките сили, генерал-мајор Олег Чесноков.
Покрај хеликоптери, армиската авијација поседува и тактички бомбардери, транспортни авиони и ловци во различни модификации.