Проектот го реализира Централното конструкторско биро за бродови со подводни крила „Алексеев”. Погонскиот систем го проектира самарската компанија „Кузнецов”.
Тестирањето на првите прототипови на „Спасител“ е планирано за 2025 година. Првиот лет на новиот воздухоплов е планиран за 2022-2023 година. Ова го соопшти Главната команда на руската Воена морнарица.
Должината на новото хибридно летало тешко 600 тони ќе биде 93 метри, а распонот на крилата преку 70 метри. „Спасител” ќе може да превезува до 500 војници со вооружување со брзина од 550 километри на час.
Екранопланот ќе може да лета на растојанија од неколку илјади километри и да слетува на копно. Сите претходни модели на екраноплан може да слетуваат само на вода, затоа што немаа опрема за слетување на копно.
Екранопланите спаѓаат во хибридни превозни средства со голема брзина, нешто помеѓу тежок авион и лесен брод. Апаратот лета на височина до неколку метри над површината на водата или земјата, користејќи го ефектот на влијанието на земјата (ground effect), т.е. зголемената поткревна сила при лебдење во близина на површината на земјата.