Топ 5 егзотични руски оружја

Воената техника само со својот изглед би требала да влева страв и трепет кај потенцијалниот непријател. Но, освен тие чувства таа предизвикува и цела една бура емоции: одушевеност од конструкторските решенија, гордост за својата држава, а понекогаш љубопитност и чудење. И сево ова е главно поради својот нестандарден надворешен изглед. „Руска реч на македонски“ ви ги претставува петте руски оружја со најегзотичен изглед.

Виор на воздушна перница: десантен кутер Зубр (рус. бизон) 

Кога е во движење речиси не се гледа. Создава впечаток дека кон брегот се движи столб од морски капки. Но, со ужасната бука, најголемиот и најбрз десантен брод на светот, несмасно излегува на брегот. И тогаш може да се видат неговите четири огромни воздушни пропелери на крмата вo прстенестите спојлери и флексибилниот „фустан“ што ја прави воздушната перница. Благодарение на неа кутерот „виси“ над водата.

„Зубр“ на плажа во околината на Калининград. Извор: Јутјуб.

Зубр може да превезува тешка техника, десантни групи и да ги изведе на див брег. А, освен тоа, ова е вистински брод-теренско возило. Не само што оди по вода, туку и на копно и по мраз, совладувајќи препреки до половина метар. 

Освен Русија, Грција исто така има Зубр во своето вооружување. 

Морски Робокап: Противвоздушен артилериски ракетен уред Палма


Фотографија од слободни извори

Прво што ви паѓа на ум кога ќе го видите Палма е неговата зачудувачка сличност со човекот - ене ја главата со очи и со уста, ене ги рацете. Притоа „главата“ се оптичко-електронски системи за нишанење на автоматот кои се наоѓаат во „топката“ над уредот, а устата и очите се телевизиски и инфрацрвени канали и ласерски далекумер. „Рацете“ се топови и уреди за управување со ракети. 

„Човечето“ стои на стража, ги чува бродовите и исфрла противбродски ракети, доколку бродот нема можност да држи голем противвоздушен ракетен систем. 

Палмите ги има на фрегатите Гепард, кои се конструирани за Воено-морските сили на Виетнам, а исто така и на руската фрегата Адмирал Горшков, која ќе влезе во експлоатација годинава. 

Заканувачки авион од петтата генерација: Су-47 Беркут


Извор: РИА Новости

Беркут личи на обичен воен авион додека не ги видиш неговите крила. Имаш чувство дека конструкторите нешто побркале, па ги направиле под неправилен агол. Но, ова „неправилно“ крило со завртен облик на стрела е главната предност на Беркут. Полетувајќи од краток носач на авиони, овој авион веднаш постигнува голема брзина и преминува во хоризонтален лет, без ризик да падне во вода. Авионот може да маневрира на мали брзини, па дури и динамички да кочи. Притоа лета со опашката нанапред. 

Су-47 може да се нарече прататко на авионите од петтата генерација ПАК ФА. Со оглед на тоа што тој беше единствен руски авион кој има габарити на ловец, но со обезбеден внатрешен товарен дел, за време на испитувањата на програмот ПАК ФА носеше тежински имитатори од најновите диригирани ракети. 

Беркут е конструиран како експериментален авион во еден единствен примерок и не се произведуваше сериски.

Екраноплан: Летачки број


Извор: РИА Новости

Екранопланот е своевиден хибрид на брод и авион, но притоа не е јасно какви карактеристики има повеќе – авионски или бродски? Кога полетува и кога слетува на вода, може да лета со 500 километри на час на само неколку метри од површината на водата. Значи, екранопланите не треба да се плашат од морски мини или од противнички торпеда. Ниту непријателските радари не можат да ги видат. 

Во СССР беа разработени два типа екраноплан: Орљонок и Луњ. Плотониј можел да носи противбродски ракети Москит и бил многу јако оружје. Дури и бил наречен „убиец на носачите на авиони“. Тој е произведен во еден примерок, и откако починал конструкторот Ростислав Алексеев прекината е разработката на овој модел. 

Орљонок е со најмала големина и конструиран е како средство за префрлање на десантна војска. Во Орљонок можат да се превезуваат 200 морски пешаци и 2 тенка. 

СССР планирал да произведе 120 возила, но на крајот Орљонок имал тажна судбина: поради недостаток од средства проектот беше замрзнат. А, со распадот на СССР нивната разработка и производство конечно беа запрени. 

Речиси конвертоплан: Хеликоптер Ми-12


Извор: ИТАР-ТАСС

За разлика од американскиот Osprey V-22, Ми-12 кој е најголем хеликоптер на светот, нема завртна елипса, иако е направен по попречна шема која, поради својата сложеност, мошне лесно се конструира кај хеликоптерите. Но, невозможно е при обична шема да се конструира хеликоптер со голема носивост, па затоа овој џин е замислен како машина која може да превезува нерасклопливи товари со тежина од 30 тони како што се, да кажеме, балистички ракети. 

Освен необичната шема на елипсата, голема предност за Ми-12 се неговите крила. Ваквото конструкциско решение ја зголемува неговата способност за маневрирање. 

Овој хеликоптер го урна рекордот за носивост во 1969 година. Подигна товар со тежина од 40.2 тони на висина од 2.250 метри. Овој рекорд сè уште не е урнат. 

Без оглед на сите достигнувања и мошне високите оценки, хеликоптерот не влезе во сериско производство. Воениот ресор се откажа од Ми-12, а за цивилните летови ваков хеликоптер не е потребен.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња