На интернет се појави првото видео за новата LADA Vesta Sport

Lada Vesta.

Lada Vesta.

Тим Кирби
Официјалното видео беше објавено на „Јутјуб“ и во него во главна улога настапува спортската верзија на LADA Vesta Спорт.

Веќе во 2018 година во продажба ќе се појави „подновена“ верзија на LADA Vesta на која работи компанијата LADA Sport.

Како што се дознава, сега сите сили на LADA Sport се насочени кон создавање на LADA Vesta Спорт чиј концепт беше прикажан во 2016 година во рамките на Московскиот меѓународен саем за автомобили.

Производството на спортската верзија на седанот на Vesta е планирано за почетокот на следната година, а почетокот на продажбата е закажан за напролет. Цената на моделот е сѐ уште непозната соопштува порталот „ТвајоАвто“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња