АвтоВАЗ започна со извоз во Европа на автомобилот Лада Гранта, пренесува „Автостат“. Во четвртиот квартал се планира испорака и на моделот „Калина“ на европскиот пазар. Во јули беа испратени само 20 автомобили во Европа од Лада Гранта (чија цента во Русија изнесува 6.400 евра). Понатамошните количества и услови на испорака, како и цената - претставникот не ги откри.
Производството на Лада Гранта започна кон крајот на 2011 година, па од тогаш овој модел е доминантен на рускиот пазар: во првото полугодие од оваа година продадени се 84.241 парчиња „Гранта“, што изнесува 37% од сите продадени автомобили Лада.
Главна предност на Лада Гранта во Европа ќе биде ниската цена. Во мометнов Шкода Фабија и најевтините модели на Рено и Дачија чинат околу 10.000 евра. Лада сигурно ќе има пониска цена од најветините модели на овие произведувачи на автомобили. „Во испораките на Лада во Европа ќе има повеќе политика, отколку економија“, изјави Олег Дацки, директор на Auto-dealer.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче