Концернот „Калашников“ се здружи со креатори на видео игри

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дизајнот, замената на шаржерот и звукот на истрелите ќе бидат веродостојно одразени.

Производителот на оружје „Калашников“ соработува со програмерите на видео игри „1C Game Studios and Wargaming“ со цел да ја создаде првата онлајн мултикорисничка пукачка игра од прво лице под назив „Калибар“. Играта ќе се појави кон крајот на оваа година, а оружјето ќе биде многу реалистично, со вистински облик, време на замена на рамката и звуци.

Според зборовите на заменик-генералниот директор на концернот „Калашников“ Владимир Дмитриев, компанијата смета дека оваа игра ќе понуди многу реалистично чувство на војување со помош на автоматите на „Калашников“.