Калашников разработува оружје за страјкбол што личи на АК-74М

„Калашников“ развива реплика на АК-74 за софтбол.

Концернот „Калашников“ развива оружје за страјкбол кое во целост е реплика на оригиналниот АК-74, изјави за РИА „Новости“ заменик-генералниот директор на концернот Владимир Дмитриев.

„Работите се во тек, веќе има еден прототип“, изјави тој на првенството во страјкбол  BattleArena во подмосковскиот „Парк на патриоти“.

Според него, верзијата на оружјето, со мали разлики од оригиналот, е веќе подготвена за производство.

„Засега нема да ја пуштиме во реализација сѐ додека не добиеме 100% автентичност“, изјави Дмитриев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња