Автомати на аеродром: на „Шереметјево“ отворена продавница на „Калашников“

Продавач во новоотворената продавница на концернот „Калашников“ на аеродромот „Шереметјево“

Продавач во новоотворената продавница на концернот „Калашников“ на аеродромот „Шереметјево“

Илија Питалев / РИА „Новости“
Во продавницата можат да се купат не само стандардни сувенири, ами и користено оружје, кое е претворено во сувенири.

Покрај стандардните матрјошки и вотка, на пат кон дома гостите на Москва можат да си купат и друг подарок - автомат „Калашников“. Поточно, негово копија или користени автомати кои се преработени за од нив да не може да се пука. Невообичаениот сувенир може да се купи во новата продавница на концернот „Калашников“ на московскиот аеродром Шереметјево.

Влегувајќи во продавницата, веднаш паѓаат во очи две полици со автомати, внимателно наредени на ѕидот. „Тато, ова нели се играчки?“, прашува едно петгодишно момче и покажува со прст кон арсеналот. „Биле вистински, сега веќе се играчки“, одговара мажот и му вели на пријателот: „Ха, АК-74, во касарната служев со него“.

Концернот, кој ги произведува познатите руски автомати Калашников", ја отвори новата продавница на 16 август во пешачката зона, која ги поврзува терминалот на брзите возови „Аероекспрес“ со московскиот аеродром Шереметјево. Покрај него, претпријатието има Интернет-продавница и околу 30 бренд-зони (корпоративни сектори) во 24 руски града.

„Калашников е една од најпопуларните марки, на која луѓето се сеќаваат кога слушаат нешто за Русија, затоа ние сме среќни што можеме да им обезбедиме на сите заинтересирани можност да понесат со себе сувенир со брендот на нашата компанија“, вели маркетинг-директорот на концернот Владимир Дмитриев.

Продавницата потсетува на сјајниот арсенал на Џејмс Бонд: модерен дизајн, неонски светилки. Тука можат да се купат четирите моделот автомати: АК-74, модифицираниот АК-74М, АК-103 и ПП-19, со кој е вооружена руската полиција. Сите тие се произведени со истата опрема со која се прават и оригиналните оружја, па затоа изгледаат и се составуваат на ист начин. „Тие дури мирисаат како вистински автомати“, се фали Артјом Барановски, продавач во продавницата. Според неговите зборови најмногу се бара токму АК-74, кој секогаш се користи од руската армија во филмовите и во видеоигрите.

Не само копии, ами и вистинско оружје

Многу луѓе влегуваат во продавницата само за да го допрат со рака легендарното оружје и да се сликаат со него, иако многу често си го купуваат како подарок за спомен од Русија. Впрочем постојат и необични клиенти. Еден од нив, поранешно воено лице, директно на аеродромот организираше курс по монтажа и расклопување на АК-74 по стоперка - овие вештини ги одработуваат руските војници во текот на многу години.

За оние на кои не им доволно да имаат копија, во продавницата продаваат вистинско оружје кое е преработено во сувенир. Некогаш со него е стрелано од редовните војници, но откако се исфрлаат од употреба, автоматите се преправаат: обично се модифицира цевката за со неа да може се користат само ќор-фишеци. „Ова е одличен подарок за оние кои го сакаат звукот на автомати“, вели целосно сериозно Артјом. Муниција, па дури и ќор-фишеци, не можат да се купат во продавницата - на меѓународните аеродроми нивната продажба е забранета.

Пред моите очи за Николај од Јарослављ спакува преработен АК-74М. „Јас сум ловец и сакам да пукам, но автомати не го купувам за себе, ами како подарок за децата и за внуците. Моето оружје нема да им го дадам, а овој сувенир е идеален. Нека се навикнуваат“, вели тој.

Колку чинат сувенирите

Калашников може да си купи секој кој има наполнето 18 години. Не може да биде земен како рачен багаж во авионот, но може да биде спакуван во основниот багаж. Сите оружја се продаваат во специјални кутии, имаат ознака и соодветните документи, затоа нема причини вработените на аеродромот да имаат какви било претензии.

Странците кои сакаат да купат автомат треба да имаат на ум дека треба задолжително да го следат законодавството на конкретната земја во која ќе биде однесен сувенирот.

Во просек цените на автоматите се движат меѓу 20 и 30 илјади рубли (300-470 американски долари). Најевтина опција е црна боја на копија на АК-74, чини 12.300 рубли (190 американски долари). Купувачот најскапо ќе го чини хромиран автомат на истиот модел со дрвен кундак и подкундак. За него ќе треба да се плати 34.500 рубли (530 американски долари).

Покрај тоа, на излогот се изложени спортски воздушни пушки, наменети за гаѓање во мета. Нивната моќност не надминува 3 џули, а за нивно купување е доволно да се има само пасош. Исто така, во продавницата можат да се купат маици, пенкала, футроли за телефон, други сувенири и облека за лов. Сите тие се со симболиката на „Калашников“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња