Во Челјабинск пронајден советски теренец на 8 тркала со футуристички дизајн

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во конструкцијата на возилото се користени делови од автомобилот ГАЗ-М20 „Победа”.

Корисник на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ набавил оригинално теренско возило на осум тркала. Возилото во 50-те години на минатиот век го проектирало конструкторското биро за хидраулика на Челјабинската фабрика за трактори, објавија руските медиуми.

Ова возило на осум тркала е тешко 600 килограми и има скромни димензии (долго е 4530 mm, широко 1900mm и високо 1490mm), алуминиумска шасија и погон на сите осум тркала. 

Во конструкцијата на возилото се користени делови од автомобилот ГАЗ-М20 „Победа”. Новиот сопственик се обидува да ги открие деталите од историјата на необичниот теренец.