Рускиот инженер Алексеј Гаргашјан дизајнираше теренско возило способно да премине секаков терен и вода со која било длабочина, пишува „Спутник“.
Возилото чини околу 50 илјади долари.
Возилото е долго 3,4 метри, широко 2,52 метри и високо 2,3 метри. Тежи 1300 килограми. Гумите му се со дијаметар од 1,6 метри.
„Шерп“ може да се вози на секаков вид тврди терени, мочуришта, снег и вода со која било длабочина. Развива максимална брзина од 45 км/ч на суво, и може да се движи во вода со брзина од 6 км/ч.
Основниот модел опремен со дизел-мотор „Кубота“ V1505 со четири цилиндри се продава за 3,85 милиони рубли (околу 49200 долари).
Видеото во кое се презентираат некои од можностите на „Шерп“ можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче