Единица нови ловци Су-35 ги чува западните граници на Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Единица од повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++, произведени во фабриката во Комсомолск на Амур, дел од Воздухопловната корпорација „Сухој“, ќе биде префрлена во Карелија во нивната идна база, каде ќе влезе во состав на ловечкиот авијациски полк на Западниот воен округ, соопшти прес-службата на ЗВО.

Пилотскиот и техничкиот состав на авијацискиот полк на Западниот воен округ почнаа со подготовки за префрлање на единицата најнови повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++, чие примопредавање е извршено во фабриката во Комсомолск на Амур, каде што се произведени, како и нивно вклучување во состав на ескадрилата и стационирање во Карелија. Екипажите ќе извршат пробен лет на новите ловци, ќе ги проверат моторите, главните системи и агрегатите заради прелет по рута долга повеќе од 8000 километри, со три дополни на гориво на оперативни аеродроми во Источниот и Централниот воен округ, се вели во соопштението.

Су-35 е модернизиран суперманеварски повеќенаменски ловец произведен според технологијата од петтата генерација, која обезбедува супериорност во однос на ловците од соодветната класа. Можноста да бидат регистрирани од радари е намалена за неколку пати во споредба со авионите од четврта генерација.