Видео: Мајсториите на Су-35

Рускиот авион-ловец Су-35 на авиосаемот МАКС-2017 ги презентираше своите способности пред посетителите.

На интернет се појави видео со акробации на рускиот ловец Су-35 во рамките на авиосаемот МАКС-2017, пренесува „Росијскаја газета.

Авионот од генерацијата 4+++ јасно ги покажува своите способности. Покрај камбаните, мртви и косите јазли и другите вообичаени акробации, суперманеварскиот ловец ги покажа и „Кобрата на Пугачов“, „јаворовиот лист“ и други трикови поради кои другите авиони едноставно би се распаднале во воздух доколку би ги изведувале. Особено спектакуларен е маневарот во 3:40 минута од видеото каде 25-тони тешкиот ловец како хеликоптер прави неколку вртења во место.

На 5:38 минути пилотот ја изведува „Чакрата на Фролов“, при која за пилотот се чини како да не важат законите на инерцијата, гравитацијата и физиката.

Способноста да лета во нереални траектории не му е дадена на авионот само за да ја шокира публиката на ваквите настани. Суперманеварските способности му ја даваат клучната предност во воздушна борба.

Според магазинот „Национален Интерес“, најопасно руско конвенционално оружје е токму ловецот Су-35. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња