„АвтоВАЗ” ја објави цената на ексклузивната верзија на Lada Vesta

Наука и технологија
РИНА БИКОВА
„АвтоВАЗ” објави почеток на продажбата на најдобро опремената верзија на автомобилот Lada Vesta, под називот Exclusive, со посебен дизајн на екстериерот и ентериерот, како и со проширен список на опрема.

Цената на автомобилот е 763400 рубли (околу 11300 евра), што е за 27,5 илјади рубли (окоу 480 евра) поскапо од најдобрата варијанта на овој модел во комплетот Де лукс со пакетот опции Multimedia.

Од обичната „Веста“ новата варијанта се разликува по ексклузивната боја „Картагина” и по ентериерот кој е обложен во еко-кожа и Алкантара во беж и црна боја.

Специјалната верзија Exclusive првпат е претставена на Московскиот саем на автомобили 2016 година.

Седанот Lada Vesta 1.8 Exclusive има фелни од 17 инчи, хромирани елементи на декорот, спојлер на вратите на багажникот, плочки со ознаката за модификацијата на возилото, волан обложен со кожа, метални плочки на педалите, седишта преслечени во кожа и Алкантара и др.