Ракета-носач „Сојуз“ ги преплаши жителите на Дубаи

Наука и технологија
ИГОР ГРЕКОВ
Неидентификуваниот светлечки објект што го видоа жителите на Дубаи е всушност ракета-носач „Сојуз-2.1“ која во орбитата го однесе вселенскиот брод „Прогрес МС-07“.

Видео-снимката се прошири по социјалните мрежи на кои се дискутираше на големо. Повеќето коментатори претпоставуваа дека станува збор за метеорит, додека на некои им се присторило дека се работи за авион во пламен.

Ракетата-носач „Сојуз - 2.1а“ со товарниот вселенски брод „Прогрес МС-07“ стартуваше од космодромот Бајконур на 14 октомври во 11:45 по московско време.

„Прогрес МС-07“ се спои во автоматски режим на рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица. Бродот достави повеќе од два тона различен товар, меѓу кои гориво, храна, вода и други потрепштини за екипажот на МВС.