Меѓународната вселенска станица.
RoscosmosСпоред Италијанецот, Русите се многу поврзани со својата историја, а летањето со нив било навистина возбудливо. Со Русите, истакна тој, може да се проживее историјата, да се стане сведок на она што довело до голем успех. Како тоа на крајот се отелотворува во забавна традиција, тој го илустрираше со примерот на приказната со играчката-гном на командната табла пред екипажот.
„Кога полетав првиот пат, не ми беше јасно зошто командирот на брод Јуриј Гиѕенко, кој штотуку влезе во бродот, ја обеси таа работа со ластиче. Мислев дека тоа беше талисман, но всушност, штом полетавме, таа гума почна да се растегнува – Русите историски така го определуваа почетокот на забрзувањето“, раскажа Италијанецот.
Витори двапати леташе на МВС - во 2002 и 2005 година. Тој истакна дека престојот во нова лингвистичка и културна средина пред да првиот старт потсетувал на нуркање.
„Најпрвин се чувствуваш малку отфрлен, но потоа откриваш за себе свет на силни луѓе, запознаваш пријатели за цел живот. Препознаваш професионалци кои знаат што треба да прават за иднината, но остануваат луѓе и тој директен пристап сепак ја правеше поедноставна нашата комуникација со руските пријатели и колеги“, изјави тој.
Во ракетата „Сојуз“, која беше лансирана на 28 јули, беа рускиот космонаут Сергеј Рјазански, американскиот астронаут Рендолф Брезник и астронаутот на Европската вселенска агенција, Италијанецот Паоло Несполи. На Меѓународната вселенска станица ги чекаа космонаутот на „Роскосмос“ Фјодор Јурчихин и астронаутите на НАСА Пеги Витсон и Џек Фишер, пренесува „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче