Во Ростов направен најсилниот хеликоптер на светот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Ростов на Дон почнаа пробните летови на најголемиот на светот транспортен хеликоптер Ми-26Т2. Ова летало може да подигне до 20 тони товар.

Новиот хеликоптер е направен за војската на Јордан, тврди порталот bmpd. Стручњаците на порталот го сметаат тоа врз основа на бојата на хеликоптерот. Јордан според договорот од 2016 година ќе добие четири хеликоптери Ми-26Т2. Освен Јордан, тешките транспортни хеликоптери ќе ги добие и Алжир.

Треба да се каже дека хеликоптер Ми-26Т нема рамни на себе според носивост. Се користи за транспорт, евакуација и гаснење на пожари. За разлика од претходната верзија модернизираниот Ми-26Т2 има нов пулт, нов автопилот и навигациски систем NAVSTAR/ГЛОНАСС. Благодарение на него со хеликоптерот не управува петчлен, туку тричлен екипаж.