Како борбениот Ка-60 беше претворен во хеликоптер од лукс класа

 Ka-62

Ka-62

Russian Helicopters
Разузнавачко-борбениот Ка-60 беше трансформиран во граѓански VIP-борд Ка-62 за државни службеници и богати бизнисмени. Според експертите целта е машината да им конкурира на италијанските братучеди од аналогна класа на рускиот и на меѓународните пазари.

Перспективниот повеќенаменски хеликоптер Ка-62 за прв пат се крена во воздух за време на саемот на хеликоптерска техника HeliRussia-2017 во мај оваа година. Летот делумно стана сензационален, бидејќи машината се развива веќе 20 години и никој од експертите не се надеваше дека тој воопшто некогаш ќе лета.

„Парадоксот е дека првично хеликоптерот е порачан од војската. Тогаш го нарекуваат Ка-60 Касатка. Денес тоа е сосема нова цивилна машина која се позиционира на пазарот како конкурент на многу популарниот италијански хеликоптер AgustaWestlandAW139. Тој се произведува сериски, а купувачи се владите, гасните и нафтени компании низ целиот свет“, изјави за „Руска реч на македонски“ претседателот на Меѓународниот центар за геополитички анализи, генерал-полковник во пензија Леонид Ивашов.

Појавата на Ка-62 е главната интрига во руската хеликоптерска изградба оваа година, коментира тој.

Каков беше првично Ка-62

Од военото минато на машината е задржана само формата на фузелажот. Првично тој беше замислен како командирски хеликоптер за водење борбени дејства. Од него командантот на ескадрилата на ударните Ка-50 „Црна ајкула“ требаше да ја управува борбата.

 Ka-62 / ZUMA Press/Global Look Press Ka-62 / ZUMA Press/Global Look Press

„На 60-ката требаше да има борбена управувачки систем, комплекси за радиотехничко и оптичко разузнавање и радиоелектронско потиснување. Така хеликоптерот требаше да се претвори во мозок на единствениот информациски систем за управување. На крајот сепак тој не стана тоа“, вели Леонид Ивашов.

Според него прво воениот ресор се откажува од самата „Црна ајкула“ - не им се допаѓа тоа што во кабината има само еден пилот. А, тој, логично, не може сам да извршува брз лет на граничните мали височини, да открива цели и да ги поразува со многу прецизно оружје. А, по Ка-50 отпаѓа потребата и за создавање машина за управување.

Несреќата со Ка-50 не го запира главниот конструктор на моделот и херој на Русија Сергеј Михеев и на крајот тој го преработува едниот модел и прави два. Благодарение на тоа во руската армија на вооружување веќе има две варијанти на оваа машина - копнен Ка-52 и палубен Ка-52 Рак.

 Ka-62  / ZUMA Press/Global Look Press Ka-62 / ZUMA Press/Global Look Press

Последниот е уникатен по тоа што не само што може да се базира на палубата на бродовите, ами и да носи два суперсилни крстосувачки проектила - Х-35 и Х-31. Првиот е противобродски, а вториот е наменет да поразува ракетен систем од типот MIM-104A Patriot. Претходно вакви можности имаа само палубните ловци Су-33 и Миг-29К / Кубрат.

Денешната Касатка

Со Ка-60 конструкторот направи нешто слично. Во дадениот случај, сепак тој „исфрли“ сè што е поврзано со воената програма, и се фокусираше на создавање на машина за цивилни цели.

Дизајн на хеликоптерот "Ка-62" / Владимир Матвиевски / ТАСС Дизајн на хеликоптерот "Ка-62" / Владимир Матвиевски / ТАСС

„Измените се првенствено кај моторите. Наместо руски се монтирани француските Ardiden 3g со моќност 1680 КС со дигитален систем за управување FADEC. Тоа му овозможува на пилотот да биде ослободен од дел од операциите и го троши поефикасно горивото. Примената на овој мотор веднаш ги подобри оперативните и брзинските карактеристики на хеликоптерот“, изјави за „Руска реч на македонски“ професорот од Академијата за воените науки Вадим Козјулин.

Според него машината има висока крајцерска (290 км/ч) и максимална брзина на лет (308 км/час) во споредба со повеќето странски аналози. Хеликоптерот има и современи целосно композитни пропелери.

„Воопшто во конструкцијата на фузелажот на Ка-62 композити, кои се високо издржливи и многу леснш, има 60%. Ова е многу висок показател за современата воздухопловна техника“, додава тој.

Во салонот има седишта за превоз на 15 лица. Во зависност од желбата на нарачателот машината може да биде направена во медицинска, транспортна или VIP-варијанта за чиновници и високи менаџери. Последната се смета за најперспективна, дури и на фонот на конкуренцијата на италијанскиот AW139.

Добрите и лошите страни на новиот хеликоптер

Експертите го споредуваат Ка-62 со друг руски проект - средномагистралниот авиолајнер Sukhoi Superjet 100, истакнувајќи ги големиот број странски компоненти и кај двете машини.

„Во руски услови тоа е и добро, и лошо. Лошо е, бидејќи производството на техниката целосно зависи од политичката ситуација и евентуалните санкции. Добро е, бидејќи овозможува релативно безболно леталото да биде сертифицирано според меѓународните стандарди и да започне да се пласира не само на домашниот, ами и на надворешниот пазар“, посочува Козјулин.

Според него излегувањето на светскиот пазар ќе стане главен фактор за успехот на Ка-62 на пазарот. Ако тоа не се случи, компанијата нема да може да си ги врати парите потрошени за 20 години на развој и неуспеси низ кои помина Ка-62, заклучува професорот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња