„Роботот „Скарабеј“ и камерата „Сфера“ се тестирани во Сирија при деминирањето на неколку населени места во таа земја“, изјави Ефременков.
„Скарабеј“ е помала платформа на тркала со видеокамера со висока резолуција, микрофон и термовизор. Со роботот се управува преку дигитален радио канал од пулт за видеонадзор.
„Сфера“ е уред во форма на топка со четири видеокамери со LED осветлување, микрофон и предавател на информациите што ги дава панорамскиот приказ. Големата цврстина му овозможува да издржи пад од височина и до пет метри, а инсталираниот систем за позиционирање непосредно по фрлањето да заземе вертикална положба.
Уредот може да се спушти во бунари и подземни градби или да се уфрли преку прозорец за од далечина да се прегледаат просториите и да се утврди присуство на сомнителни предмети.