Рускиот одбранбен ресор на 5 април го објави првото видео во кое руски и меѓународни деминерски единици вршат инжинерска проценка и деминирање на патиштата за пристап до историскиот дел и околината на Палмира.
Како што изјавија од Министерството за одбрана на РФ за „Руска реч на македонски“, руските деминери веќе открија и онеспособија повеќе од 120 експлозивни направи, а исто така исчистија од експлозивни предмети 1,1 км автопат.
Во текот на работата војниците открија и извадија самоделни експлозивни направи од асфалтирани патишта, крстосници, крајпатни градби и инфраструктурни објекти (трансофрматори, пумпни станици за водовод, пекарници, болници) и делови од вододовни цевки наполнети со експлозив, како и самоделни кумулативни и противтенковски мини опремени со електродетонатори.
Од своја страна, предметите кои поради различни причини не беа извлечени од земја, беа уништени на место со примена на специјални полнења.
Исто така непроценлива помош во текот на инженерската работа на војниците им даваат и кучињата за откривање мини. Сите работи се вршат во војничи комплети за деминирање ОВР-2.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче