„Не добивме никаков официјален негативен одговор на таа тема. (Претседателот на Русија Владимир) Путин лично ни кажа дека можеме да работиме на заедничко производство. Затоа ќе бидат важни технологиите. Но ако Русија има спрема тоа негативен став, ние можеме да склучиме договор со некоја друга земја“, изјави Чавушоглу.
Тој исто така изјави дека набавката на С-400 е итно потребна, истакнувајќи дека Турција има потреба од такви ракетни системи заради заштита на својот воздушен простор. Тој додаде дека, ако земјите „кои се настроени против Русија“ не го сакаат овој договор, тогаш „треба да предложат своја варијанта“.
Медиумите вчера објавија дека Турција е сѐ повеќе заинтересирана за купување на противракетниот систем „Патриот“ од САД.
Претходно беше соопштено дека Турција веќе уплатила аванс за С-400 и дека испораката на системите според договорот ќе почне во наредните две години.
Русија и Турција преговараат на ниво на експерти за предавање на технологијата за производство на системот С-400, изјави денес портпаролот на Путин Дмитриј Песков. Тој исто така додаде дека постојат добри прелиминарни резултати за испорака на С-400 на Саудиска Арабија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче