Русија не ѝ ги открива нa Турција тајните на системот С-400

С-400

С-400

Михаил Мокрушин/RIA Novosti
Русија одби да ѝ овозможи на Турција пристап до електрониката на противвоздушниот систем С-400 „Триумф“ и покрај тоа што Анкара на 12 септември официјално го купи ова оружје од Москва.

„Нема да им ги дадеме електронските кодови, ниту шифрите. Според договорот, само Русија ќе може технички да ги опслужува овие ракети, така што тие (Турците) нема да добијат пристап до системите“, изјавува руски воен извор за изданието Газета.Ru.

Како што соопштува Газета.Ru ова се однесува на системот за идентификација на пријателски и на непријателски летачки објекти, што е еден од клучните елементи на ова оружје.

„Не го прифативме нивното барање да им дозволиме пристап до внатрешните системи на С-400. Русија самата ќе направи систем за идентификација на пријателските и на непријателските летачки објекти. Турција инсистираше да ѝ ги дадеме лозинките и да им овозможиме контрола, но ние тоа барање го одбивме“, изјавува споменатиот извор.

Кон крајот на септември Турција ја исплати првата транша за системот С-400. Според главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски, Анкара нема да ги добие првите системи пред 2020 година.

Во моментот Русија ја вооружува својата армија со системите С-400, а потоа ќе ги исполни своите обврски кон Кина и кон Индија (во поглед на овие ракети), па дури потоа компанијата 'Алмаз Антеј' ќе почне да ги составува системите С-400 за Турција“, вели тој за порталот Russia Beyond. 

Што е тоа С-400 и зошто другите земји сакаат да го купат овој систем? 

Противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“ (според класификацијата на НАТО „Growler“) е направен на почетокот на 21 век. 

Тој го заштитува небото од непријателски ракети, од ловечки авиони, од бомбардери и од хеликоптери, како и од современи и перспективни воздушни цели, вклучувајќи ги авионите од петтата генерација, крстосувачките балистички ракети и други високотехнолошки системи на вооружување.

Секој комплет С-400 содржи ракетен лансер и низа други помошни средства, како што е мошне ефикасниот радар кој може да открива цели во радиус од 600 километри.

Една од најважните особености на С-400 е што тој не дејствува само во една насока и може да уништува цели во радиус од 400 километри. 

Според Мураховски, ова е еден од клучните фактори поради кој Турција реши да го купи овој систем за противвоздушна одбрана. Во моментов сличниот на него американски систем MIM-104 „Patriot“ покрива само 180 километри во една насока.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња