До ова откритие дојде истражувачката група заедно со посадата на хидрографскиот брод „Сенеж“. Стручњаците открија и повеќе нови географски објекти кои се формирале на островот Северное по разорувањето на ледникот.
Екипата на „Сенеж“ ја продолжува својата арктичка мисија започната пред месец и половина со океанографски истражувања во Баренцовото море. Походите на хидрогеографските бродови на Северната флота во научно-истражувачки цели се редовни последниве години. Експедициите во најголема мера се организираат при крајот на летото и почетокот на есента, затоа што ледената покривка на северните мориња тогаш е минимална, што овозможува истражување на тешко достапните подрачја на Арктикот.
Стручњаците на бродот „Сенеж“ во септември проучија уште еден неистражен реон во Карското море, вршеа испитувања на Лаптевското море и учествуваа во обезбедувањето на мисијата на одредот бојни бродови во арктичката зона.